Кредит од €4 милиони за Охридска банка за подобар пристап до финансирање на МСП
Контакт: Бојана Влајќиќ
Тел.:+381 63 862 93 73
Електронска адреса:gajicb@ebrd.com
Тагови:#EBRD,#NorthMacedonia, #EU, #SME, #OhridskaBanka
#ЕБОР, #СевернаМакедонија, #ЕУ, #СМЕ, #ОхридскаБанка
Превод: Македонски јазик
Малите и средни претпријатија (МСП) во Северна Македонија ќе добијат пристап до €4 милиони наменети за инвестиции во конкурентност, благодарение на кредит од ЕБОР за Охридска банка.
МСП ќе можат да добијат техничка помош, вклучувајќи и советодавна поддршка преку ЕБОР . По успешно завршување на инвестицијата, ќе се стекнат со право на повратен грант од 15 отсто од вкупната сума на кредитот, обезбеден од Европска Унија (ЕУ).
Кредитот е дел од Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП на Западен Балкан, преку која ЕБОР обезбедува кредитирање, а Европската Унија која обезбедува техничка помош и грант. Целата е да им се помогне на МСП во модернизација на активностите и да се искористат можностите за зголемување на трговијата со Западен Балкан и поширокиот европски пазар.
Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија изјави: ,,Ги поддржу-ваме МСП во Северна Македонија, а со потпишувањето на новата кредитна линија со Охридска банка подобруваме пристапот до добро структуирано финансирање и советодавни услуги кои ќе им помогнат да напредуваат. Заедно со ЕУ, преку нашата успешна Програма за поддршка на конкурентноста на МСП, поддржавме над 120 МСП со комбинирано финансирање во износ од над €30 милиони, и се надеваме дека уште голем број МСП ќе имаат корист од оваа поддршка. ”
Амбасадорот Дејвид Гир, Претставник на Европска Унија во земјата изјави: ,,Пристапот до финансии е основа за идниот раст и развој на малите и средни претпријатија (МСП) во Северна Македонија. Оваа е дел од нашата поддршка во постојаните напори за промовирање на бизнис климата за МСП, како и натамошно стимулирање на условите за креирањето на работни места и економско опоравување.”
Нина Недановска, Претседател на Менџерскиот Борд на Охридска банка АД Скопје изјави: ,,Со ова кредитирање продолжуваме да ги поддржуваме МСП и им нудиме пристап до финансирање и можност за инвестирање во модернизација, прогрес и развој, особено во овие времиња на предизвици. Комбинацијата на кредити и грантови финансирани од ЕУ, се докажа како силна алатка за охрабрување на МСП да бидат поконкурентни како на локалните, така и на странските пазари, истовремено правејќи позитивен импакт на домашната економија. Се надеваме дека нашето континуирано партнерство со ЕБОР ќе ни помогне да креираме поуспешни локални бизниси и ќе го поттикне претприемачкиот потенцијал. ”
ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над €2,14 милијарди преку 145 проекти во земјата. Банката се фокусира на проширување на локалниот приватен сектор, промовирање на регионалната и меѓународната интеграција и одржливо користење на ресурсите во земјата.