ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ ЗА ПОДОБРИ ПРОИЗВОДИ ОД ЗЕЛЕНЧУК

Износ на кредитот

€ 249,245

Износ на грантот

€ 37,387

Усогласување со ЕУ Директиви

Прописи за унапредување на употребата на енергија од обновливи извори, машини, минимум здравствени и безбедносни услови

 

Инвестиција во

 

Фотоволтаична постројка и нова рентдген машина за контрола на квалитетот

Заштеда на енергија и намалување на стакленички гасови (GHG)

650 MWh/год

153 t CO2/год

 

 

Ларс Дооел е специјализиран во производство на преработен зеленчук, кој е 100% природен, со различни вкусови, разни пакувања, а според барањата на купувачите. Основана 1991 во градот Штип, Компанијата е HACCP сертифицирана за производство на конзервирано и сушено овошје и зеленчук, воедно и IFS сертифицирана за производство на пастеризиран зеленчук во стаклена и лимена амбалажа. Спротивно на повеќето од конкуренцијата, визијата на основачот беше да се пробие прво на  меѓународниот, а потоа домашниот пазар. Така, Ларс извезува во повеќе региони, вклучително и ЕУ, САД и Австралија. Клучниот производ на Друштвото, Перустија, е базиран на традиционалниот македонски рецепт за ајвар (мешавина на печени пиперки и црни патлиџани) и е еден од нај познатите производи.

Ларс поседува понатамошни можности за развој и проширување, па оттаму намерата да стане енергетски ефикасен и да ја зајакне продуктивноста. Во рамки на Програмата тие инвестираа во фотоволтаична централа, инсталирана на кровот на производствениот погон, со капацитет од 266 kW и во нова машина со икс зрачење за контрола на квалитетот на готовиот производ. Оваа x-ray машина ќе ù овозможи на компанијата да постигне повисока ефикасност на производствениот процес, со подобра контрола над квалитетот на произведениот готов производ.

Компанијата доби бесплатна техничка помош за оптимизација на инвестицискиот проект и 15% грант со поврат на пари по успешно верификување на проектот, финансирани од Европската Унија.

Со инвестицијата, Друштвото сега е усогласено со бројни Европски стандарди, воедно:

    • Директива 2009/28/ЕК на Европскиот парламент и на Советот од 23 април 2009 година за промовирање на употребата на енергија од обновливи извори
    • Директива 2006/42/ЕК на Европскиот парламент и на Советот од 17 мај 2006 година за машини
    • Директива 2014/30/ЕУ на Европскиот Парламент и на Советот од 26 февруари 2014 година за хармонизација на законите кај Земјите Членки за електромагнетна компатибилност
    • Директива 2012 / 11/ ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 19 април 2012 за изменување на директивата 2004/40/ЕЗ за ми-нималните здравствени и безбедносни барања во однос на изложеноста на работниците на ризици од физички агенси (електро-магнетни полиња)
    • Директива 2013/59/Евратом поставување основни стандарди за безбедност за заштита од опасности кои произлегуваат од јонизирачко зрачење