Износ на кредитот | € 249,245 |
Износ на грантот | € 37,387 |
Усогласување со ЕУ Директиви | Прописи за унапредување на употребата на енергија од обновливи извори, машини, минимум здравствени и безбедносни услови |
Инвестиција во | Фотоволтаична постројка и нова рентдген машина за контрола на квалитетот |
Заштеда на енергија и намалување на стакленички гасови (GHG) | 650 MWh/год153 t CO2/год |
Ларс Дооел е специјализиран во производство на преработен зеленчук, кој е 100% природен, со различни вкусови, разни пакувања, а според барањата на купувачите. Основана 1991 во градот Штип, Компанијата е HACCP сертифицирана за производство на конзервирано и сушено овошје и зеленчук, воедно и IFS сертифицирана за производство на пастеризиран зеленчук во стаклена и лимена амбалажа. Спротивно на повеќето од конкуренцијата, визијата на основачот беше да се пробие прво на меѓународниот, а потоа домашниот пазар. Така, Ларс извезува во повеќе региони, вклучително и ЕУ, САД и Австралија. Клучниот производ на Друштвото, Перустија, е базиран на традиционалниот македонски рецепт за ајвар (мешавина на печени пиперки и црни патлиџани) и е еден од нај познатите производи.
Ларс поседува понатамошни можности за развој и проширување, па оттаму намерата да стане енергетски ефикасен и да ја зајакне продуктивноста. Во рамки на Програмата тие инвестираа во фотоволтаична централа, инсталирана на кровот на производствениот погон, со капацитет од 266 kW и во нова машина со икс зрачење за контрола на квалитетот на готовиот производ. Оваа x-ray машина ќе ù овозможи на компанијата да постигне повисока ефикасност на производствениот процес, со подобра контрола над квалитетот на произведениот готов производ.
Компанијата доби бесплатна техничка помош за оптимизација на инвестицискиот проект и 15% грант со поврат на пари по успешно верификување на проектот, финансирани од Европската Унија.
Со инвестицијата, Друштвото сега е усогласено со бројни Европски стандарди, воедно: