Процесот на пријавување се состои од чекорите наведени подолу. Ве молиме слободно побарајте помош од нашиот технички тим во било кое време од процесот:
Поднесете ја вашата комплетна пријава кај една од нашите Партнерски банки.
Партнерската банка ќе побара проценка од нашиот тим на технички експерти за сите релевантни документи. Техничките експерти ќе направат почетна проверка за подобност на проектот, додека Партнерската банка ќе го провери вашиот статус за кредитоспособност.
Доколку техничките и финансиски проверки се позитивни од вас ќе биде побарано да потпишете „Писмо за ангажирање“
Нашиот технички тим заедно со вас ќе започне со подготовка на инвестицискиот план (ИП) и ќе ги определи конкретните барања за инвестиција со цел за воспоствување усогласеност со ЕУ Директивите. Нашиот технички тим ќе развие ИП и распоред на активности (РА) за вашиот проект, потврдувајќи ја подобноста на вашиот проект, износот на грант и параметрите/условите за стекнување усогласеност на крајот од проектот. Извештајот од ИП ќе го добие вашата избрана Партнерска банка која со вас ќе преговара за понудата за кредит.
Штом целосно го имплементирате вашиот проект, ги поднесувате следните документи во Партнерската банка.