ПАРТНЕРСКИ БАНКИ

НАШИТЕ ФИНАНСКИСКИ
ПАРТНЕРИ

За да се поедностави процесот, сите финансиски механизми се канализираат преку локалните Партнерски банки, кои добиваат континуирана поддршка од Проектните консултанти на Програмата.

Условите за кредит ги одредуваат локалните Партнерски банки и конечната одлука дали или не за проширување на финансирањето на компанија подносител на пријава се прави единствено од Партнерската банка. ЕБОР, ЕУ и Проектните консултанти немаат влијание на оваа одлука.

Консултантот на проектот е одговорен за техничка проценка на инвестициските проекти и, заедно со консултантот за верификација, за поставување и проверка на износите на грантот. Партнерските банки ќе ги исплатат грантовите на сопствениците на успешно завршени и верификувани проекти. Сепак, Партнерските банки немаат влијание врз нивото на грантови кои треба да се платат.

Следните Партнерски банки тековно земаат учество во Програмата за поддршка на конкуретноста на МСП во Република Северна Македонија:

Охридска банка АД Скопје е универзална банкарска институција со широк спектар на банкарски услуги во земјата и во странство. Банката има шестдецениско искуство и традиција, со значајно подобрување и развој низ трансформациите на банкарскиот систем. Како самостојна, Охридска банка работи од 1995 година. Со јасна визија за развојот и за ефикасното управување, Банката прерасна во современа финансиска институција од универзален тип со разгранета мрежа на експозитури, со широк асортиман на финансиски услуги, софистицирана информатичка технологија, дефинирана стратегија и со високостручен кадар оспособен за вршење комплексни банкарски операции. Банката дејствува според високите принципи и вредности на поддршка, одговорност, доверба, иновативност и на создавање.

Од 2019 година Охридска банка АД Скопје е дел од Шпаркасе групацијата. „Steiermärkische Sparkasse Group“ е најголем давател на финансиски услуги во јужниот дел на Австрија. Групацијата опслужува околу 700 000 клиенти на 233 локации во Штаерска, Австрија и во Југоисточна Европа.

Преку своето седиште во Скопје и преку широката мрежа од 27 експозитури на територијата на Македонија, Охридска банка има за цел да биде поим за банкарски односи, препознатлива на пазарот, блиска до клиентите, избрана поради својот квалитет и поради посветеноста на своите тимови. Потврда за успешноста на Охридска банка се многубројните признанија како: „Најдобра банка во Македонија“ за 2010 и за 2016 г. според „Euromoney“; „Најдобра банка во Македонија“ за 2016 г. според „The Banker” и „Најдобра банка во Македонија“ за 2016, 2017, 2018 и за 2019 г. според публикацијата на Светска банка, „Global Finance“.

Комерцијална банка АД Скопје е една од водечките банки во Република Северна Македонија со пазарно учество од 22,7% во вкупната актива, 26,6% во вкупните депозити на клиенти, 16,4% во вкупните нето-кредити на клиенти и 20,4% во вкупниот капитал и резерви.  Банката во своето долгогодишно постоење изгради имиџ на банка со традиција, доверба, сигурност, иновативност и силна домашна и меѓународна репутација водејќи се од својата основна мисија да биде високопрофитабилна институција, призната како водечка независна, приватна македонска банка која нуди универзален асортиман на услуги и ужива силна меѓународна репутација, професионално поддржана од силно пазарно ориентиран, добро обучен менаџмент и кадар со највисок степен на стручност и интегритет.

Заклучно со 31.12.2018 година Банката има најголема база на клиенти, и тоа 941.474 клиенти физички лица и 34.583 клиенти правни лица. Преку широко распространетата мрежа од 11 филијали, 54 експозитури, 158 банкомати и 4.568 продажни места со ПОС терминали, која постојано се зголемува, Банката е блиску и секогаш на услуга на крајните корисници, а во функција на вршeње брзи и ефикасни меѓународни услуги за своите клиенти, Банката има воспоставено кореспондентски односи со 607 банки од 72 земји, од кои контокорентски односи (ностро и лоро сметки) со 28 банки.

Комерцијална банка АД Скопје поседува 49% од акционерскиот капитал на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје основано заедно со Прва покојнинска дружба од Љубљана, а согласно спроведената реформа на пензискиот систем во Република Македонија во 2005 година, како и  квалификувано учество од 64,29% во Друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум Инвест АД Скопје основано заедно со група инвеститори од Словенија и Италија во 2008 година и истото управува со отворениот инвестициски фонд КБ Публикум Балансиран почнувајќи од 2009 година, со инвестициските фондови КБ Публикум Паричен и КБ Публикум Обврзници почнувајќи од 2011 година и КБ Публикум МБИ 10 од 2017 година.

Комерцијална банка е една од најуспешните банки во Република Северна Македонија, со силна домашна и меѓународна репутација, за што потврда е лидерската позиција на македонскиот банкарски пазар во одделни сегменти од работењето, како и многубројните меѓународни и национални банкарски награди.

За повеќе информации посетете ја www.kb.com.mk

Шпаркасе Банка Македонија – традиција, сигурност и доверба!

Традицијата, сигурноста и довербата се синоними на Шпаркасе Банка Македонија, трајни вредности кои се дел и од нашето и Вашето секојдневие, дел од нашиот заеднички успех. Тие ни даваат за право да веруваме во заедничка иднина и во остварувањето на ефикасно и современо банкарство. Доказ за укажаната доверба во Банката се и остварените резултати во изминативе години и континуираниот развој на Банката. Банката ја заврши изминатата 2017 година со актива од над 305,5 милиони евра и близу  58.600 активни клиенти кои добиваат врвни банкарски услуги, во 26 најсовремени експозитури низ цела Македонија.

Нашата матична куќа Штаермеркише Шпаркасе, низ долгогодишната традиција од скоро два века е синоним за стабилност и континуитет во работењето со изградена препознатлива марка Sparkasse со црвено S.

Црвениот знак S значи:

– Сигурност, доверба и традиција, што ја прави партнер од доверба за вработените и клиентите;
– Солиден бизнис модел на силна и успешна групација кој е отпорен на криза;
– Економски успешен концепт кој ги следи принципите на општествена одговорност .

Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, со билансна вредност од 15 милијарди евра, 233 експозитури и регионални центри, околу 2.751 вработени и околу  702.414  клиенти во Штаерска и Југоисточна Европа (според податоците од крајот на 2017 год.) е најголемата регионална банка на југот на Австрија.

Групацијата има долгорочна и одржлива стратегија на инвестирање во регионот, што ја прави партнер од доверба и инвеститор кој стои зад Шпаркасе Банка Македонија. Како членка на Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, Шпаркасе Банка Македонија е дел од најсилната групација на банки кои се фокусирани на работењето со физички лица и мали и средни претпријатија во Европа.

ПроКредит е развојно ориентирана банка. Нудиме висококвалитетна услуга за мали и средни претпријатија, како и за физички лица кои  имаат можност да штедат и кои преферираат банкарска услуга преку електронски канали. Во нашето работење се придржуваме до неколку основни принципи: вреднуваме транспарентност во комуникацијата со нашите клиенти, не промовираме потрошувачки кредити, се стремиме со нашето работење да придонесеме за зачувување на животната средина и нудиме услуги кои се темелат на разбирање на ситуацијата на секој клиент и на добра финансиска анализа.

 

Фокусирани сме на мали и средни претпријатија за кои веруваме дека создаваат најголем број работни места и кои даваат витален придонес во економијата во која работат. Со понуда на едноставни и достапни можности за штедење, трансакциско работење и online банкарски услуги и преку инвестиции во финансиска едукација, целиме кон градење култура на штедење и финансиска одговорност кај бизнис клиентите, како и кај физичките лица.

 

Нашите акционери очекуваат сигурно враќање на инвестицијата на подолг временски период, не се фокусирани на краткорочна максимизација на профит. Значително инвестираме во обука и развој на нашите вработени со цел да создадеме пријатна и ефикасна работна атмосфера, како и да овозможиме најстручна и висококвалитетна услуга за нашите клиенти. 

https://pcb.mk/

Шпаркасе Лизинг ДОО Скопје

Друштвото за лизинг ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ ДОО Скопје е основано во март 2009 година, во сопственост на Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Грац со 51% и Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје со 49%.

ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ Групацијата успешно работи години наназад во Австрија, Словачка, Чешка, Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, а во Република Северна Македонија функционира како независно правно лице.

ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ ДОО Скопје како лизинг куќа е авторитет за финансирање по пат на лизинг во Северна Македонија и нам со доверба ни се обраќаат државни инстиуции, големи, мали и средни фирми, како и физички лица. На секој клиент му нудиме решенија во согласност со неговите потреби и тежнееме кон еднаква соработка и создавање на долгорочен партнерски однос.

Стабилниот раст и развој, како и стручноста и професионалноста на нашите вработени се одлучувачки фактор за успех. Палетата на производи и модели е прилагодена на корисниците, така што на секој клиент му нудиме поинакво решение, прилагодено токму според неговите специфични потреби.

Деловната професионалност и љубезност на нашите вработени се базира на транспарентните услови на работењето кои овозможуваат отворена и искрена комуникација.