Секој проект ќе добие инвестициска поддршка (грант) до 15% по успешната имплементација и верификација на проектот:
Пресметката за износот на инвестициската поддршка која се плаќа на проектот и/или на заемопримателот ќе биде спроведена од страна на Верификациски консултант (ВК) и е наведена во Извештајот за верификација.
Инвестициската поддршка се пресметува како вредност еднаква на 15% од пониската вредност меѓу:
подобната вредност на кредитот, или
подобниот инвестициски трошок на Проектот, без вклучен износ за ДДВ поврзан со инвестицијата.