Подготвување за усогласување со Приоритетните ЕУ Директиви и ЕУ законодавство може да обезбеди широк спектар од можности, но може да биде и застрашувачки на прв поглед.
За да адресира на овие предизвици ЕБОР привлече поддршка од Европската Унија за финансирање тим на консултанти кои ќе им помагаат на компаниите да го дефинираат оптималното техничко решение и да понуди грантови кои ја прават неопходната инвестиција на МСП полесна.
Техничката поддршка на МСП е бесплатна, да им помогне на претпријатијата да бидат сигурни дека ги исполнуваат барањата.
Експертите ги советуваат инвеститорите за избор на најсоодветна опрема.
Експертите, исто така, може да ги советуваат инвеститорите за дополнителни можности за инвестиција за ИСО, или други видови на сертифицирања, кои ќе го доведат бизнисот и деловните процеси на инвеститорот уште поблизу до усогласување со ЕУ директивите.
Финансирањето користена опрема е можно на исклучителна основа доколку за опремата е направена длабинска проценка од нашиот тим на експерти и доколку се исполнети следните услови:
Возила се подобни за заем и грант во рамки на Програмата, доколку:
Возила од втора рака не се подобни.
Кредитот и грантот во рамки на Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП се достапни единствено преку нашите Партнерски банки.
Проектот мора да биде имплементиран во земјата. Проектот мора да биде усогласен со сето применливо национално законодавство за животна средина, безбедност и здравје на вработените, регулатива и стандарди кои се во сила а се однесуваат на вработување со земјата.
Да, сите МСП и трговци поединци може да учествуваат во Програмата. Компаниите со повеќе од 249 вработени не се подобни. Но, не постои минимално ограничување.
Откако проектот е целосно имплементиран може да се пријавите за негова верификација. По успешната верификација, Партнерската банка ќе побара исплата на грантот од ЕБОР и ќе направи трансфер на грантот на вашата сметка по приемот на грантот.