FAQ

Зошто Програмата за поддршка на конкурентност на МСП?

Подготвување за усогласување со Приоритетните ЕУ Директиви и ЕУ законодавство може да обезбеди широк спектар од можности, но може да биде и застрашувачки на прв поглед.

За да адресира на овие предизвици ЕБОР привлече поддршка од Европската Унија за финансирање тим на консултанти кои ќе им помагаат на компаниите да го дефинираат оптималното техничко решение  и да понуди грантови кои ја прават неопходната инвестиција на МСП полесна.

Каква поддршка обезбедуваат консултантите на Програмата за поддршка на конкурентност на МСП?

Техничката поддршка на МСП е бесплатна, да им помогне на претпријатијата да бидат сигурни дека ги исполнуваат барањата.

Експертите ги советуваат инвеститорите за избор на најсоодветна опрема.

Експертите, исто така, може да ги советуваат инвеститорите за дополнителни можности за инвестиција за ИСО, или други видови на сертифицирања, кои ќе го доведат бизнисот и деловните процеси на инвеститорот уште поблизу до усогласување со ЕУ директивите.

Дали може да финансирам во користена опрема?

Финансирањето користена опрема е можно на исклучителна основа доколку за опремата е направена длабинска проценка од нашиот тим на експерти и доколку се исполнети следните услови:

    • Опремата е целосно ремонтирана од производителот, или од овластен центар
    • Опремата поседува гаранција од најмалку 6 месеци од компанијата за ремонт
    • Проверени се трошоците за инвестирање во споредба со ново средство

Дали може да финансирам во возила?

Возила се подобни за заем и грант во рамки на Програмата, доколку:

    • се користат единствено за деловни цели
    • заменуваат стари возила (мора да биде обезбеден доказ од отпад за уништување на старото возило)
    • ги исполнуваат предвидените стандарди на ЕУ

Дали може да финансирам во користени возила?

Возила од втора рака не се подобни.

Јас не сум клиент кај една од Банките учеснички. Дали може да се пријавам за кредит и грант во Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП?

Кредитот и грантот во рамки на Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП се достапни единствено преку нашите Партнерски банки.

Мојата компанија е регистрирана во земјата, но проектот е надвор од земјата.

Проектот мора да биде имплементиран во земјата. Проектот мора да биде усогласен со сето применливо национално законодавство за животна средина, безбедност и здравје на вработените, регулатива и стандарди кои се во сила а се однесуваат на вработување со земјата.

Јас сум трговец поединец и немам вработени. Дали може да се пријавам?

Да, сите МСП и трговци поединци може да учествуваат во Програмата.  Компаниите со повеќе од 249 вработени не се подобни.  Но, не постои минимално ограничување.

Кога може да ја добијам исплатата за грант?

Откако проектот е целосно имплементиран може да се пријавите за негова верификација. По успешната верификација, Партнерската банка ќе побара исплата на грантот од ЕБОР и ќе направи трансфер на грантот на вашата сметка по приемот на грантот.

Cookie Consent with Real Cookie Banner
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.