Износ на кредит | € 123,285 |
Износ на грантот | € 18,493 |
Усогласување со ЕУ Директиви | Директива 2006/42/EК за машини и Директива 2014/30/ЕУ on електромагнетна компатибилност |
Инвестиција во | Опрема за инспекција на готов производ од страни тела по пат на икс-зраци во тегла, шише и пластика |
Дием-ГП ДОО, основана пред 15 години, е водечки производител на храна, специјализиран во преработка на овошје и зеленчук. Фабриката е лоцирана во околината на Гевгелија, на влезот од с. Негорци. Таа е акредитирана со ISO 9001 и ISO 22000, кои вклучува HACCP сертификат.
Дием-ГП произведува 80 поединечни производи во различни пакувања и големини. Поризовдствените линии се поделени во: црвена, зелена и слатка линија. Црвената линија содржи ајвар, лутеница, пепероната, ѓувеч, печени зеленчукови филети, доматно пире, доматен сок, филети од црвена пиперка, кечап, итн. Зелената линија вклучува корнишони, феферони, мешана салата, цвекло, гамба, печени тиквички и печени модри патлиџани. Слатката линија се состои од џемови и компоти, и содржи слатка и џемови од зелена и зрела смоква, слатка од тиква и лубеница и џемови од јагода.
Производите се со висок квалитет и достапни во различни големини. Тие се продаваат во сопствениот специјализиран малопродажен ланец на Дием-ГП во Скопје, Битола и Гевгелија, како и во други поголеми и помали маркети ширум земјата.
Производите на Диме-ГП се извезуваат во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Австрија, Чешка Република, Канада, Австралија и САД.
Компанијата инвестираше во опрема за инспекција на готов производ од страни тела по пат на икс-зраци во тегла, шише и пластика. Покрај зголемување на процесот на контрола на квалитет, автоматизација на процестите исто ја унапредуваат безбедноста и здравјето на вработените, го намалуваат отпадот, што е предност од аспект на животната околина.
Од особено значење е дека новиот процес на контрола на квалитет обезбедува успех за извозниот бизнис на компанијата по пат на пресретнување на неколку ЕУ Директиви кои се однесуваат на новата опрема, а меѓу кои:
Компанијата употреби едноставен LET процес во Програмата, кој озоможува брз пристап до финансиска инвестиција преку избор на однапред одобрена листа на подобни технологии. По успешната верификација на инвестицискиот проект, компанијата доби поврат во готовина како грант од 15%, финансирани од Европската Унија.