Зголемен капацитет за вкусни ВАФЛИ

Износ на кредитот

 

€ 400,000

Вредност на грантот

 

€ 60,000

Усогласување со ЕУ Директиви

 

Регулатива за хигиена на храна, отпад и БЗР

 

 

Инвестиција во

 

Нова машина за пакување

Заштеда на енергија и намалување  на GHG

18 MWh/год

4 tCO2/год

Компанијата Стел Импекс ДООЕЛ е основана во 1992 година како производител на вафли. Околу 50% од производството се извезува во другите Блакански држави, САД и Австралија. Компанијата, исто така, поседува сопствен возен пак.

Работењето на компанијата е поделено на две локации: администрација, дистрибуција и магацин лоцирани во Штип, додека производствениот погон е лоциран во индустриската зона надвор од градот.

Стел Импекс инвестираше во нова технологија за експанзија на бизнисот, зголемување на пазарниот удел и пробив на нови интернационални пазари. Друштвото набави сосем нова машина за пакување и робот решение со синџир за редење со цел да се произведат нови големини на пакување: 32 парчиња вафли (30г) и 42 парчиња вафли (20г), како и вафли во мулти-пакување од 10 парчиња, или 5 парчиња.

Покрај новите велични на пакувањата, новата пакирна машина го намалува отпадот од амбалажа и потрошувачката на енергија. Целосно автоматизираниот процес ги налува ризиците за безбедност и здравје на вработените и, најбитно, ѝ овозможува на компанијата да ги прошири извозните активности со повисок квалитет на производ.

Квалитет и квантитет: новата машина генерира помалку оштетен производ со што се обезбедува поголема количина на преработени производи.  Зголемување на капацитетот и квалитетот овозможува компанијата да ги достаса таргетите за пораст на извозот, како и да ја подобри конкурентската позиција во Северна Македонија, како и во странство.

Друштвото доби бесплатна техничка помош за оптимизација на инвестицискиот проект и 15% грант, како готовински поврат после успешната верификација на проектот, а сите финансирани од Европската Унија. 

 

Сега, со инвестицијата компанијата се усогласува со широк спектар на стандарди, воедно:

    • Регулатива (EК) бр. 852/2004 за хигиена на прехранбени производи;
    • Регулатива (EК) бр. 1935/2004 за материјали и артикли наменети за допир во контакт со храна и укинатите Директиви 80/590/EEC и 89/109/EEC;
    • Директива 2006/42/EК за машинство, и изменување и дополнување на Директивата 95/16/EК (преработена);
    • Директива 2008/98/EК за отпад
Cookie Consent with Real Cookie Banner
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.