ПРОИЗОВДСТВО НА КВАЛИТЕТНО ВИНО ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Износ на кредит

€ 130,000

Износ на грантот

€ 19,500

Усогласување со ЕУ Директиви

 

 

Регулатива (ЕК) бр. 1935/2004 – материјали и предмети наменети да дојдат во допир со храна

 

Инвестиција во

 

TM INOX – Иноксни танкови за складирање од 1000 хл

Далвина дооел и нејзините виногради се лоцирани по долината на Струмешница, винскиот Струмичко – Радовишки регион во југоисточна Македонија. Насадите се на надморска висина од 280м, оградени со планински венци и предоминантна медитеранска клима со тивко ветровито ралзадување во летните ноќи. Здраво, ароматично грозје е специфика на регионот кој има околу 210 сончеви денови во годината, и просечни 20.2°Ц во текот на периодот на вегетација, малку дождови и релативно ниска влажност.

Далвина е млада и просперитетна винарија опкружена со 410 хектари сопствени лозови насади, со колективен склад од 7 а и се однесуваат на новатаа За лку ЕУобезбедува успех на адот, што е предност од аспект на животната околина. и.  и годишен производствен капацитет од 3.4 милиони литри. Компанијата го контролира севкупниот процес, од собирање на грозјето, со примена на нај современа технологија во секоја фаза: од пресите, до ферментацијата, флаширањето и понатамошното ракување со производот. Дури и со транспортот. Целта е да се креира производ со висок стандард. Тимот на компанијата ја обликува својата страст да се истакнат уникатните карактеристики на гроздовите, почвата и микроклимата – и да се претопат во течна уметност.

Вината на Далвина во најголем дел се продаваат на домашниот пазар, како и во Хрватска, Кина, САД и Швајцарија.

Со цел зголемување на капацитетот, компанијата инвестираше во вертикални иноксни танкови со капацитет од 1000 хл на секој поединечен танк, со тоа зголемувајќи го сопствениот вкупен производствен капацитет на 800.000 литри годишно.

Новите танкови се во согласност со ЕУ Регулативата (ЕК) бр. 1935/2004 на Европскиот Парламент и Советот од 27 октомври 2004 година за материјалите и предметите наменети да дојдат во допир со храна и отповиканата Директива 80/590/ЕЕЗ и 89/109/ЕЕЗ. Пресретнување со барањата на регулативата ги зголемува извозните можности до европски пазари на Далвина.

Компанијата употреби едноставен LET процес во Програмата, кој озоможува брз пристап до финансиска инвестиција преку избор на однапред одобрена листа на подобни технологии. По успешната верификација на инвестицискиот проект, компанијата доби поврат во готовина како грант од 15%, финансирани од Европската Унија.

Cookie Consent with Real Cookie Banner
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.