Унапредување на влијанието врз животната околина во производство на ПЕТ претформи

Износ на кредитот

€ 349,000

 

Вредност на грантот

€ 52,350

 

Усогласување со ЕУ Директиви

Регулативи за безбедност на храна, отпад и здравје и безбедност

 

Инвестиција во

 

Машина за ПЕТ претформи/

Машина за калапи со дувалки – Bway 5-10 / 2K

 

Заштеда на енергија и намалување  на GHG

 

166 MWh/год

39 тониCO2/год

БАС Тути Фрути е компанија лоцирана во Скопје и основана во 1992 година. Таа произведува ПЕТ претформи и шишиња за домашен и меѓународен пазар. Тековно, околу 50% од производството на компанијата е предвидено за пазарите во Албанија и Косово.

Погоните на компманијата содржат производство на ПЕТ претформи (калапи со вбризгување), претформи со дувалки и  формирање шишиња (калапи со дувалки).

Друштвото е сертифицирано според глобалниот стандард BRC/ IOP за пакување и материјали за пакување и работи согласно националните и ЕУ стандарди  за пластични материјали во контакт со храна.

Новата машина со дувалки и алатката за ПЕТ претформи / калапи намалува генерирање отпад. Условите за безбедност и здравје при работа се унапредени, а процесот е сега целосно автоматизиран на тој начин елиминирајќи го ризикиот од повреди. Покрај ова, се постигна и значително намалување на бучавата.

Инвестицијата го унапредува квалитетот на производи, како и конзистентноста на квалитетот на производи. Новите алатки / калапи за ПЕТ претформи ја намалуваат варијацијата во димензии на претформите, унапредувајќи го учинокот во низа на опремата, овозможувајќи ѝ на компанијата да го зголеми извозот.

Друштвото доби бесплатна техничка помош за оптимизација на инвестицискиот проект и 15% грант, како готовински поврат после успешната верификација на проектот, а сите финансирани од Европската Унија. 

Сега, со инвестицијата компанијата се усогласува со широк спектар на стандарди, воедно:

    • Регулатива (EC) бр. 852/2004 за хигиена на прехрамбените производи;
    • Регулатива (ЕК) бр. 1935/2004 – материјали и предмети наменети да дојдат во допир со храна и наменета да ги укине Директивите 80/590/ЕЕЗ;
    • Регулатива на Комисијата (ЕУ) бр. 10/2011 од 14 јануари 2011 година за пластични материјали и предмети наменети да дојдат во контакт со храна;
    • Директива 2006/42/EК за машинство, и изменување и дополнување на Директивата 95/16/EК (преработена);
    • Директива 2008/98/EК за отпад.
Cookie Consent with Real Cookie Banner
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.