Износ на кредитот | € 342,000 | |
Износ на грантот | € 51,300 | |
Пресретнати ЕУ директиви | Регулатива за емисиите на загадувањето на воздухот и машините | |
Инвестиција во | Volvo утоварувач со големи тркала L220H | |
Заштеда на енергија и намалување на GHG | 64 MWh/год17 tCO2/год |
Унимарбле ДОО Прилеп е приватна компанија основана во 2003 година со главна дејност во екстракција на декоративен камен со различна примена.
Компанијата инвестираше во утоварувач со големи тркала, мулти-функционална машина со брзо спојување, која се користи за движење на блокови мермер и понатамошно чистење на јамата од мермерната згура.
Новата машина поседува нова технологија. Притоа, намлена е потрошувашката на фосилни горива, загадувањето на воздухот и GHG емисиите, како и бучавата во тек на работењето. Согласно техничката спецификација, потрошувачката на гориво од новиот утоварувач е околу 40% пониска од онаа со стариот утоварувач.
Новиот утоварувач со големи тркала, исто така, поседува напреден машински систем за безбдност, специфично дизајниран да превенира повреди на рбаотно место. Кабината на операторот е сместена високо на машината, каде воздухот е чист, а инсталиран е и пред-филтер кој ја отстранува прашината и други честици пред воздухот да помине низ главниот филтер а потоа во кабината. Заради ергономично поставените контроли, ниско ниво на бучава, заштита од вибрации и доволно простор за складирање работниците ќе бидат изложени на помалку влијание од бучава, топлина и вибрации.
Друштвото доби бесплатна техничка помош за оптимизација на инвестицискиот проект и 15% грант, како готовински поврат после успешната верификација на проектот, а сите финансирани од Европската Унија.
Сега, со инвестицијата компанијата се усогласува со широк спектар на стандарди, воедно: