Износ на кредитот | € 400,000 | ||
Вредност на грантот | € 60,000 | ||
Усогласување со ЕУ Директиви | Регулатива за хигиена на храна, отпад и БЗР | ||
Инвестиција во | Нова машина за пакување | ||
Заштеда на енергија и намалување на GHG | 18 MWh/год4 tCO2/год |
Компанијата Стел Импекс ДООЕЛ е основана во 1992 година како производител на вафли. Околу 50% од производството се извезува во другите Блакански држави, САД и Австралија. Компанијата, исто така, поседува сопствен возен пак.
Работењето на компанијата е поделено на две локации: администрација, дистрибуција и магацин лоцирани во Штип, додека производствениот погон е лоциран во индустриската зона надвор од градот.
Стел Импекс инвестираше во нова технологија за експанзија на бизнисот, зголемување на пазарниот удел и пробив на нови интернационални пазари. Друштвото набави сосем нова машина за пакување и робот решение со синџир за редење со цел да се произведат нови големини на пакување: 32 парчиња вафли (30г) и 42 парчиња вафли (20г), како и вафли во мулти-пакување од 10 парчиња, или 5 парчиња.
Покрај новите велични на пакувањата, новата пакирна машина го намалува отпадот од амбалажа и потрошувачката на енергија. Целосно автоматизираниот процес ги налува ризиците за безбедност и здравје на вработените и, најбитно, ѝ овозможува на компанијата да ги прошири извозните активности со повисок квалитет на производ.
Квалитет и квантитет: новата машина генерира помалку оштетен производ со што се обезбедува поголема количина на преработени производи. Зголемување на капацитетот и квалитетот овозможува компанијата да ги достаса таргетите за пораст на извозот, како и да ја подобри конкурентската позиција во Северна Македонија, како и во странство.
Друштвото доби бесплатна техничка помош за оптимизација на инвестицискиот проект и 15% грант, како готовински поврат после успешната верификација на проектот, а сите финансирани од Европската Унија.
Сега, со инвестицијата компанијата се усогласува со широк спектар на стандарди, воедно: