Износ на кредитот | € 349,000 | |||
Вредност на грантот | € 52,350 | |||
Усогласување со ЕУ Директиви | Регулативи за безбедност на храна, отпад и здравје и безбедност | |||
Инвестиција во | Машина за ПЕТ претформи/Машина за калапи со дувалки – Bway 5-10 / 2K | |||
Заштеда на енергија и намалување на GHG | 166 MWh/год39 тониCO2/год |
БАС Тути Фрути е компанија лоцирана во Скопје и основана во 1992 година. Таа произведува ПЕТ претформи и шишиња за домашен и меѓународен пазар. Тековно, околу 50% од производството на компанијата е предвидено за пазарите во Албанија и Косово.
Погоните на компманијата содржат производство на ПЕТ претформи (калапи со вбризгување), претформи со дувалки и формирање шишиња (калапи со дувалки).
Друштвото е сертифицирано според глобалниот стандард BRC/ IOP за пакување и материјали за пакување и работи согласно националните и ЕУ стандарди за пластични материјали во контакт со храна.
Новата машина со дувалки и алатката за ПЕТ претформи / калапи намалува генерирање отпад. Условите за безбедност и здравје при работа се унапредени, а процесот е сега целосно автоматизиран на тој начин елиминирајќи го ризикиот од повреди. Покрај ова, се постигна и значително намалување на бучавата.
Инвестицијата го унапредува квалитетот на производи, како и конзистентноста на квалитетот на производи. Новите алатки / калапи за ПЕТ претформи ја намалуваат варијацијата во димензии на претформите, унапредувајќи го учинокот во низа на опремата, овозможувајќи ѝ на компанијата да го зголеми извозот.
Друштвото доби бесплатна техничка помош за оптимизација на инвестицискиот проект и 15% грант, како готовински поврат после успешната верификација на проектот, а сите финансирани од Европската Унија.
Сега, со инвестицијата компанијата се усогласува со широк спектар на стандарди, воедно: