ПОБЕЗБЕДНА & ПОЧИСТА екстракција на декоративен камен

Износ на кредитот

€ 342,000

Износ на грантот

€ 51,300

Пресретнати ЕУ директиви

Регулатива за емисиите на загадувањето на воздухот и машините

Инвестиција во

Volvo утоварувач со големи тркала L220H

Заштеда на енергија и намалување  на GHG

64 MWh/год

17 tCO2/год

 

Унимарбле ДОО Прилеп е приватна компанија основана во 2003 година со главна дејност во екстракција на декоративен камен со различна примена.

Компанијата инвестираше во утоварувач со големи тркала, мулти-функционална машина  со брзо спојување, која се користи за движење на блокови мермер и  понатамошно чистење на јамата од мермерната згура.

Новата  машина поседува нова технологија. Притоа, намлена е потрошувашката на фосилни горива, загадувањето на воздухот и GHG емисиите, како и бучавата во тек на работењето. Согласно техничката спецификација, потрошувачката на гориво од новиот утоварувач е околу 40% пониска од онаа со стариот утоварувач.

Новиот утоварувач со големи тркала, исто така, поседува напреден машински систем за безбдност, специфично дизајниран да превенира повреди на рбаотно место. Кабината на операторот е сместена високо на машината, каде воздухот е чист, а инсталиран е и пред-филтер кој ја отстранува прашината и други честици пред воздухот да помине низ главниот филтер а потоа во кабината. Заради ергономично поставените контроли, ниско ниво на бучава, заштита од вибрации и доволно простор за складирање работниците ќе бидат изложени на помалку влијание од бучава, топлина и вибрации.

Друштвото доби бесплатна техничка помош за оптимизација на инвестицискиот проект и 15% грант, како готовински поврат после успешната верификација на проектот, а сите финансирани од Европската Унија.  

Сега, со инвестицијата компанијата се усогласува со широк спектар на стандарди, воедно:

    • ЕУ Регулатива 2016/1628: барања кои се однесуваат на ограничување на загадувачи на воздуг од гас и честички и одобрување на типот мотор со внатрешно согорување за мобилна машинерија која не е наменета за патишта
    • Директива 2006/42/EК за машини и за изменување на Директивата 95/16/EК (преработена)
Cookie Consent with Real Cookie Banner
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.