ПРОИЗВЕДЕН МЕБЕЛ ОД ВИСОК КВАЛИТЕТ СО 60% ПОНИЗОК ЕКОЛОШКИ ОТПЕЧАТОК

Износ на кредитот

€ 137,277

Износ на грантот

€ 20,591

Усогласување со ЕУ Директиви

Прописи за машини, пакување и отпад од пакување, електромагнетна компатибилност

 

Инвестиција во

 

Автоматска машина за кантирање и компресор за воздух

Заштеда на енергија и намалување на стакленички гасови (GHG)

34 MWh/год

8 t CO2/год

 

Мебел Ацевски поседува 20 годишна историја како успешен производител на широка палета мебел и врати, креирани со функционален и инспиративен внатрешен дизајн. Задоволството на клиентите е императив кога се персонализира секое парче мебел и се претвора во прекрасен производ со врвен квалитет усогласен со меѓународните стандарди.

Компанијата се наоѓа на две различни локации во Скопје. Притоа, нивните клиенти се ширум Европа. Визијата на Мебел Ацевски е да го подобрат квалитетот на просторот за живеење, работење и јавен простор. Секој производ е уникатен, специфичен и направен по мерка на клиентот.

Друштвото инвестираше во автоматска машина за кантирање OTT и компресор за воздух Atlas. Новата инвестиција го намалува сопственото влијание врз животната средина преку намалување на употреба на лепак за автоматско кантирање, пониска потрошувачка на електрична енергија и намалени нивоа на бучава. Друштвото, исто така, инвестираше во нов компресор. Интегрираниот фен во компресорот за воздух спречува кондензација и корозија, а вертикалниот дизајн на садот спречува контаминација на маслото. Како резултат на инвестицијата, компанијата го намали сопствениот “еколошки отпечаток” за скоро 60%. Останатите придобивки се: пораст на квалитетот и безбедноста на производот, по прецизни работни процеси и унапредување на безбедноста и здравје на работниците.

Друштвото користеше бесплатна техничка помош за оптимизација на инвестицискиот проект и 15% поврат на грант по успешна верификација на проектот кои се финансирани од Европска Унија.

Со инвестицијата компанијата е усогласена сега со низа европски стандарди, воедно:

    • Директива 2014/68/ЕУ која се однесува на ставање на располагање на пазарот опрема под притисок
    • Директива 2014/35/ЕУ за хармонизација на законите кај земјите членки кои се однесуваат на електрична опрема дизајнирана за употреба со одредени ограничувања на напон
    • Директива 2014/30/ЕУ за усогласување на законите на земјите членки во врска со електромагнетната компатибилност
    • Директива 2006/42/EК за машини
    • Директива 1994/62/ЕК за пакување и отпад од пакување

 

Cookie Consent with Real Cookie Banner
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.