ЕКОЛОШКИ УСЛУГИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ

Износ на кредитот

€ 101,774

Износ на грантот

€ 15,266

Усогласување со ЕУ Директиви

Регулатива за машини, електромагнетна компатибилност, здравје и безбедност

 

Инвестиција во

 

Дигитален машински печатач за етикети, фотоволтаични панели и полначи за електричен автомобил

Заштеда на енергија и намалување на стакленички гасови (GHG)

2,698 MWh/год

636 t CO2/год

 

Пропоинт Дооел е синоним за висок квалитет и високо професионални услуги за печатење. Основана во 1992, од двајца браќа со страст кон печатењето, кои започнале со дејноста во две мали простории под наем, компанијата сега вработува 50 луѓе кои работат во модерна зграда на два спрата со површина од 5,000 m2. Како една од најстарите печатници во Северна Македонија, Пропоинт нуди широка палета печатарски услуги како каталози, брошури, упатства, ценовници, книги, часописи, флаери, пакувања од картон, календари и сите останати печатени рекламни материјали. Со одржување конкурентни цени и стандарди за врвен квалитет, но најважно, разбирање на барањата на клиентите, Пропоинт се позиционира далеку пред конкуренцијата. Нивните услуги се добро познати на македонскиот пазар, а воедно тие стекнаа доверба и од меѓународни компании. Друштвото применува и моќна деловна практика за општествена одговорност, нудејќи можност за работа на лица со попреченост. Во моментов, 22 од 50 вработени се лица со попреченост.

Пропоинт континуирано инвестира во нови технологии со цел да го држи чекорот со најновите трендови во индустријата. Тие започнале со технологија за печатење на екран и се преориентирале на дигитално печатење, со цел да ја унапредат брзината, ефикасноста и квалитетот на производите. Компанијата сега инвестира во машина за дигитално печатење на етикети. Овој печатач на етикети во процесот на подготовка на печатењето не употребува хемиски материи. Така, новата машина овозможува подобрување на квалитетот и брзината во печатење етикети, односно процес на поефикасна доработка со значително намалено влијание врз животната околина. Понатаму, Друштвото инсталираше фото-волтаични панели и полначи за електрични автомобили, со тоа дополнително намалувајќи го влијанието врз животната околина.

Друштвото користеше бесплатна техничка помош за оптимизација на инвестицискиот проект и 15% поврат на грант по успешна верификација на проектот кои се финансирани од Европска Унија.

Со инвестицијата, Друштвото сега е усогласено со бројни Европски стандарди, воедно:

    • Директива 2014/35/ЕУ за хармонизација на законите кај земјите членки кои се однесуваат на електрична опрема дизајнирана за употреба со одредени ограничувања на напон
    • Директива 2014/30/ЕУ за хармонизација на законите кај земјите членки кои се однесуваат на електромагнетна компатибилност
    • Директива 2006/42/EК за машини
    • Директива 2009/104/ЕК која се однесува на барања за минимум безбедност и здравје во употреба на опремата за работа на работниците