ПРОИЗВОДИ ОД ПРИРОДЕН КАМЕН БАРАНИ НА ЛОКАЛЕН И МЕЃУНАРОДЕН ПАЗАР

Износ на кредитот

€ 790,394

Износ на грантот

€ 118,559

ЕУ Директиви усогласени

Директива за енергија од обновливи извори,

машини, електромагнетна компатибилност и изложеност на канцерогени или мутагени

Инвестиција во

Фотоволтаична централа

Нова машина за полирање

Реконструкција на трафо-станица

Заштеда на енергија и намалување на стакленички гасови (GHG)

2,560 MWh/ год

604 тони CO2/ год

 

Крин КГ ДОО е основана во 2003 година во преработка на производи од природен камен. Со своите 77 вработени, компанијата работи на сечење и финална обработка на мермер и производи од гранит за клиентите од Косово и меѓународните пазари. Финалните производи вклучуваат високо квалитетно обложени и украсни елементи за згради, како и самостојни експонати. Компанијата соработува со градежниот сектор преку производите за градежни објекти. Во продолжение на производствените погони, компанијата има 4 каменоломи под концесија, со што и стабилна набавка на гранит, мермер и травертин. Каменоломите се наоѓаат далеку од производствениот капацитет.

Со цел да ја унапреди сопствената енергетска независност, компанијата инвестираше во инсталација на фотоволтаична централа (1 MW) инсталирана на кровот на еден од производствените погони. Компанијата, исто така, за унапредување на ефикасноста и квалитетот на производството инвестираше во нова машина за полирање, третман против лизгање гранит и мермерни плочи и реконструкција на постоечката трафо-станица.

Преку усогласување со неколку ЕУ Директиви, инвестицијата го намалува штетното влијание на животната околина, го унапредува здравјето и безбедноста на вработените со намалување на PM 10 честичките на минимум и со елиминирање на изложеност на вработените.

Крин КГ ДОО доби бесплатна техничка помош за оптимизација на инвестицискиот проект и 15% грант со поврат на пари по успешно верификување на проектот, финансирани од Европската Унија.

Со инвестицијата, Друштвото сега е усогласено со бројни Европски стандарди, воедно:

    • Директива 2009/28/ЕK на Европскиот парламент и на Советот од 16 септември 2009 година за промовирање на употребата на енергија од обновливи извори
    • Директива 2006/42/EК на Европскиот Парламент и на Советот од 17 мај 2006 за машини
    • Директива 2014/30/ЕУ на Европскиот Парламент и на Советот од 26 февруари 2014 година за хармонизација на законите кај Земјите Членки за електромагнетна компатибилност
    • Директива 2014/35/ЕУ Европскиот Парламент и на Советот во врска со електрична опрема дизајнирана за употреба во рамките на одредени напонски ограничувања
    • Директива (ЕУ) 2017/2398 дополнување на Директивата 2004/37/ЕК за заштита на вработените од ризици кои се однесуваат на изложеност на канцерогени или мутагени на работа
Cookie Consent with Real Cookie Banner
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.