Современи материјали за пакување овошје и зеленчук

Износ на кредитот

€ 328,591

Износ на грантот

€ 49,289

ЕУ Директиви усогласени

Регулативи за храна, машини и отпад

Инвестиција во

Складирање на суровина, систем за транспорт и достава, систем на подвижни ленти, опрема за дозирање, контролен софтвер, опрема за производство на мрежа

Заштеда на енергија и намалување на стакленички гасови (GHG)

137 MWh/ год

32 тони CO2/ год

 

 

АСП ПАК Дооел е основан во Охрид во 2000 година. По 19 години успешно работење и развој, компанијата сега е еден од клучните производители и добавувачи на пластични материјали за пакување овошје и зеленчук и заштитни мрежи. Скоро 95% од продажбата на компанијата е извоз во земји на ЕУ, регионални соседни земји, како и Израел. Производствените процеси го содржат целосниот циклус од набавка на основна суровина – гранулат на полиетилен со висока густина – до полу-производ и готов производ.

Со цел унапредување на квалитетот на производот, еколошко управување со суровината, намалување на отпадот и потрошувачка на енергија, компанијата инвестираше во нов систем и опрема за управување со суровините во рамки на производствениот процес.  Специфично, беше таргетиран процесот на транспорт, како складирање, дозирање на полиетилен со висока густина (HDPE – high density polyethylene) и негово мешање.

Инвестицијата вклучува силоси за складирање суровина и опрема за внатрешен транспорт, машини за дозирање, софтвер за контрола и мониторинг и нова машина за производство на мрежи.

АСП ПАК Дооел доби бесплатна техничка помош за оптимизација на инвестицискиот проект и 15% грант со поврат на пари по успешно верификување на проектот, финансирани од Европската Унија. 

Со инвестицијата, компанијата сега е усогласена со бројни Европски стандарди, вклучувајќи ги:

    • Регулатива (ЕК) бр. 1935/2004 – материјали и предмети наменети да дојдат во допир со храна и да ги укинат Директивите 80/590 / ЕЕС;
    • ЕУ Регулатива 2023/2006 – добра производна пракса за материјали и предмети наменети да дојдат во допир со храна;
    • Регулатива на Комисијата (ЕУ) бр. 10/2011 од 14 јануари 2011 за пластични материјали и предмети наменети да дојдат во допир со храна;
    • Директива 2006/42/EC за машинска опрема;
    • Директива 2008/98/EC на Европскиот Парламент и Советот од 19 ноември 2008 за отпад и укинување одредени Директиви.

 

Cookie Consent with Real Cookie Banner
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.