Износ на кредитот | € 184,000 |
Износ на грантот | € 27,600 |
ЕУ Директиви усогласени | Регулативи за емисија на бучава, безбедност на моторни возила, емисија од мобилни машини |
Инвестиција во | Машина за асфалтирањеVÖGELE Super 1800-3 |
Заштеда на енергија и намалување на стакленички гасови (GHG) | 27 MWh/ год7 тони CO2/ год |
Изолација ДОО веќе 50 години работи во секторот на градежништво. Суштинската дејност на Друштвото е изолација – хидро-изолација, термичка и отпорнoст на киселина. Клучниот производ / услуга е хидро-изолација и компанијата ги има обезбедено овие услуги на најголемите проекти во Северна Македонија, како и надвор од земјата.
Во 1995, Изолација започна со изведба на подготвителни и асфалтни работи за патишта како своја секундарна дејност. Во почетокот овие активности биле со фокус на одржување и рехабилитација на патишта. Денес, компанијата е главен играч во целосна градба на патишта заснована на сопственото единствено производство на специфични видови асфалт – цврст асфалт, што ја прави Изолација прв избор во изградба на тротоари, шеталишта, индустриски подови и подземни паркинзи.
За понатамошно унапредување на капацитетот и конкурентско позиционирање, компанијата инвестираше во нова машина за поплочување со асфалт. Новата машина е поефикасна во потрошувачка на енергија, нуди побезбедни работни услови за работниците и нуди повисока продуктивност од старата машина.
Изолација ДОО доби бесплатна техничка помош за оптимизација на инвестицискиот проект и 15% грант со поврат на пари по успешно верификување на проектот, финансирани од Европската Унија.
Со инвестицијата, Друштвото сега е усогласено со бројни Европски стандарди, воедно: