Износ на кредитот | € 328,591 |
Износ на грантот | € 49,289 |
ЕУ Директиви усогласени | Регулативи за храна, машини и отпад |
Инвестиција во | Складирање на суровина, систем за транспорт и достава, систем на подвижни ленти, опрема за дозирање, контролен софтвер, опрема за производство на мрежа |
Заштеда на енергија и намалување на стакленички гасови (GHG) | 137 MWh/ год32 тони CO2/ год |
АСП ПАК Дооел е основан во Охрид во 2000 година. По 19 години успешно работење и развој, компанијата сега е еден од клучните производители и добавувачи на пластични материјали за пакување овошје и зеленчук и заштитни мрежи. Скоро 95% од продажбата на компанијата е извоз во земји на ЕУ, регионални соседни земји, како и Израел. Производствените процеси го содржат целосниот циклус од набавка на основна суровина – гранулат на полиетилен со висока густина – до полу-производ и готов производ.
Со цел унапредување на квалитетот на производот, еколошко управување со суровината, намалување на отпадот и потрошувачка на енергија, компанијата инвестираше во нов систем и опрема за управување со суровините во рамки на производствениот процес. Специфично, беше таргетиран процесот на транспорт, како складирање, дозирање на полиетилен со висока густина (HDPE – high density polyethylene) и негово мешање.
Инвестицијата вклучува силоси за складирање суровина и опрема за внатрешен транспорт, машини за дозирање, софтвер за контрола и мониторинг и нова машина за производство на мрежи.
АСП ПАК Дооел доби бесплатна техничка помош за оптимизација на инвестицискиот проект и 15% грант со поврат на пари по успешно верификување на проектот, финансирани од Европската Унија.
Со инвестицијата, компанијата сега е усогласена со бројни Европски стандарди, вклучувајќи ги: