Ефикасна изградба на патишта

Износ на кредитот

€ 184,000

Износ на грантот

€ 27,600

ЕУ Директиви усогласени

Регулативи за емисија на бучава, безбедност на моторни возила, емисија од мобилни машини

Инвестиција во

Машина за асфалтирање

VÖGELE Super 1800-3

Заштеда на енергија и намалување на стакленички гасови (GHG)

27 MWh/ год

7 тони CO2/ год

 

 

Изолација ДОО веќе 50 години работи во секторот на градежништво. Суштинската дејност на Друштвото е изолација – хидро-изолација, термичка и отпорнoст на киселина. Клучниот производ / услуга е хидро-изолација и компанијата ги има обезбедено овие услуги на најголемите проекти во Северна Македонија, како и надвор од земјата.

Во 1995, Изолација започна со изведба на подготвителни и асфалтни работи за патишта како своја секундарна дејност. Во почетокот овие активности биле со фокус на одржување и рехабилитација на патишта. Денес, компанијата е главен играч во целосна градба на патишта заснована на сопственото единствено производство на специфични видови асфалт – цврст асфалт, што ја прави Изолација прв избор во изградба на тротоари, шеталишта, индустриски подови и подземни паркинзи.

За понатамошно унапредување на капацитетот и конкурентско позиционирање, компанијата инвестираше во нова машина за поплочување со асфалт. Новата машина е поефикасна во потрошувачка на енергија, нуди побезбедни работни услови за работниците и нуди повисока продуктивност од старата машина.

Изолација ДОО доби бесплатна техничка помош за оптимизација на инвестицискиот проект и 15% грант со поврат на пари по успешно верификување на проектот, финансирани од Европската Унија. 

Со инвестицијата, Друштвото сега е усогласено со бројни Европски стандарди, воедно:

    • Директива на ЕУ 2000/14/EC за емисии на бучава;
    • Регулатива (ЕК) бр. 661/2009 за барањата за одобрение на тип за општата безбедност на моторните возила, нивните приколки и системи, компоненти и посебни технички единици наменети за истите;
    • Регулатива (ЕУ) 2016/1628 на Европскиот Парламент и Советот од 14 Септември 2016 за барањата кои се однесуваат на ограничувања на емисиите на загадувачи на гасови и честички и одобрување на типот на мотори со внатрешно согорување за не-патни мобилни машини, дополнети регулативи (ЕУ) бр. 1024/2012 и (ЕУ) бр. 167/2013 и изменета и дополнета Директива 97/68/EC;
    • Директива 2006/42/EК за машини и за изменување на Директивата 95/16/EК (преработена).