ELIGIBILITY CRITERIA

КОЈ И ШТО МОЖЕ ДА БИДЕ ФИНАНСИРАНО

КОИ КОМПАНИИ МОЖАТ ДА СЕ ПРИЈАВАТ?

Следните компании можат да се пријават за кредит и грант од Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП:

    • МСП компании, претпријатија, фирми, трговци поединци или други правни лица, како и поединци регистрирани согласно законите на Република Северна Македонија, или поединци регистрирани како претприемачи или вклучени во економски активности во согласност со македонските закони.
    • Подносителот на пријава работи првенствено во Северна Македонија, или поседува фиксно седиште на бизнис во Северна Македонија, преку кое се одвива вкупната дејност, или дел од дејноста.
    •  Подносителот на пријава има помалку од 250 вработени, а годишниот промет НЕ надминува 50 милиони евра и / или има годишен биланс на состојба кој НЕ надминува 43 милиони евра.
    • Подносителот на пријавата НЕ Е во мнозинска сопственост, или контролиран од Владата на Република Северна Македонија, или локална владино тело, или било кое друго политичко, владино, или административно тело, агенција или некоја нивна афилијација. Јавни комунални претпријатија, во мнозинска сопственост, или контролирани од Владата на Република Северна Македонија, или локалните власти или владини агенции на Северна Македонија НЕ се подобни за кредитирање. За да се избегне нејасност, вкупниот процент на сопственост на заемопримачот од страна владата, или владиниот ентитет, правен или кориснички, директен, или индиректен, не смее да биде поголем од 49% и владата и/или било кој владин ентитет не смее да биде директно или индиректно вклучен во управувањето на дејноста на подносителот на пријавата, или да поседува контрола во работењето на подносителот на пријавата.
    • Подносителот на пријавата ги има добиено сите потребни одобренија и дозволи и е во согласност со националното законодавство за животна средина, социјална, и здравствена и безбедносна регулатива на Северна Македонија.
    • Апликантот НЕ е вклучен во листата на ЕБРД на лица или субјекти кои не се квалификуваат за да добијат договор финансиран од ЕБОР или за финансирање од ЕБОР.
    • Следните компании, бизниси, лица или ентитети НЕ МОЖАТ да аплицираат за заем и грант во рамките на Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП во Република Северна Македонија:
  • Компании и бизниси вклучени во производство и/или трговија на оружје или воена опрема;
  • финансиски институции или компании за финансиски услуги;
  • осигурителни компании;
  • компании и бизниси кои се вклучени во производството на тутун или жесток алкохол;
  • компании и бизниси вклулчени во продажба на тутун и жесток алкохол (освен кога продажбата на тутун или жесток алкохол е помошна за примарната деловна активност на ентитетот);
  • казина или други објекти за игри на среќа;
  • компании и бизниси вклучени во шпекулативни инвестиции во имот или валути или други шпекулативни инвестиции;
  • компаниите и претпријатијата вклучени во инвестирање во хартии од вредност од било кој вид, вклучувајќи и инвестиции во акционерски капитал на други компании;
  • сите активности кои се појавуваат на ЕБОР Листата за еколошка и социјална исклученост (https://ebrdgeff.com/romania/wp-content/uploads/2017/03/Environmental_and_Social_Exclusion_and_Referral_Lists.pdf)
  • без претходна писмена согласност од ЕБОР, ниедна од активностите кои се назначени на листата на проекти од Категорија А вклучени во Анекс 2 на политиката на ЕБОР за животна средина и социјала од мај 2014 година – https://www.ebrd.com/news/publications/policies/environmental-and-social-policy-esp.html); овие Под-проекти ќе треба да ги задоволат барањата на ЕБОР за учинок.

КОИ ИНВЕСТИЦИСКИ ПРОЕКТИ СЕ ПОДОБНИ?

    • Инвестицискиот проект мора да биде финансиски одржлив и да ги задоволи вообичаените кредитни критериуми на Партнерската банка во согласност со вообичаените процедури за одобрување на кредити. Одлуката дали ќе се даде, или нема да се даде кредит е кај Партнерската банка на програмата и ниту ЕБОР, ниту ЕУ, ниту Проектните консултанти имаат влијание на оваа одлука.
    • Проектот се имплементира во Република Северна Македонија.
    • Тој е во согласност со вкупното применливо национално законодавство за заштита на животната средина, безбедноста и здравјето на вработените и прописите и стандардите за вработување кои се во сила во Република Северна Македонија, како и сите релевантни обврски за јавни консултации кои важат во Република Северна Македонија.
    • Инвестицискиот проект не е поддржан или нема да има поддршка од друг грант.

За да биде подобен за финансирање во рамки на Програмата, секој инвестициски Проект треба да опфати:

    • инвестиција во индустриски објекти, опрема, софтвер, унапредување на менаџмент системите на претпријатието и или општа надградба која е креирана за унапредување на една или повеќе Директиви на ЕУ во областа на заштитата на животната средина, безбедноста на вработените и квалитетот и безбедноста на производите, како што е наведено во Приоритетната листа на ЕУ директиви, применливи за релевантните инвестициски проекти; или со ЕУ Директивите (различни од Приоритетните ЕУ Директиви) за кои нашиот технички тим потврдил дека треба да се усогласите.

Како дополнување и онаму каде што е релевантно, инвестиција може да се направи во високи технологии кои ги исполнуваат критериумите за технологии со високи перформанси. Нашиот тим на експерти дополнително ќе ви обезбеди насоки во врска со оптимизацијата на изборот на технологија, со цел да се зголеми финансиската одржливост на вашиот инвестициски проект.

Како дополнување на досега споменатото, се применуваат следните критериуми за подобност:

Користена опрема

Користена опрема е тешко да се оправда под Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП, бидејќи инвестициите во користена опрема во себе содржат многу ризици. Се препорачува фокус на сосема нова опрема.

Финансирање користена опрема е можно единствено во исклучителни случаи кога опремата била темелно проценета од страна на нашите експерти и доколку се исполнети следниве услови:

    • Опремата е целосно обновена од страна на производителот или од овластен центар
    • Опремата има гаранција од најмалку 6 месеци издадена од фирмата за реконструкција
    • Докажана е подобноста на инвестициските трошоци во споредба со нов еквивалент

Возила

Возилата се подобни за кредит и грант во рамки на Програмата доколку:

    • се користат само за деловни цели
    • се врши замена на стари возила (мора да се достави доказ за уништување на старо возило)
    • ги задоволуваат стандардите на ЕУ

      Следните детални критериуми постојат за различни типови возила како дополнување на горенаведените критериуми:

    • Такси: возилата мора да бидат хибридни автомобили
    • Камиони: да исполнуваат најмалку Еуро 6 стандарди;
    • Комбиња: да исполнуваат најмалку Еуро 6 стандарди, регистрирани согласно локаното законодавство за транспорт на стока за комерцијални цели и стриктно за бизнисот на компанијата
    • Автобуси: да исполнуваат најмалку Еуро 6 стандарди, за дејноста на компанијата (транспорт на патници)

Користени возила НЕ се квалификуваат.

Индустриски објекти

Набавката на индустриски простории и реновирањето на постоечките простории е подобна за финансирање под услов инвестицијата да унапредува:

    • Здравје и безбедност при работа
    • Заштита на животната средина
    • Квалитет и безбедност на производите
    • Енергетска ефикасност

во согласност со Директивите на ЕУ кои се транспонирани во локалното законодавство.

Реновирање на постоечките објекти или изградба на нови објекти е исто така подобно, доколку се задоволени целите и критериумите опишани погоре.