Поддршка на МСП за пристап на пазарите на Европска Унија низ унапредена конкурентност

Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП преку кредити и грантови им помага на МСП за зголемување на конкурентноста и капацитетот во трговијата со клиенти на ЕУ, како и на нивните домашни пазари, преку олеснување на нивните инвестиции за посебни намени.

Градење профитабилни МСП во  Република Северна Македонија

Што е Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП?

Изгледите за членство во ЕУ претставуваат многу можности за   Република Северна Македонија и особено за МСП во земјата. Сепак, усвојувањето на acquis communautaire (правото на Европската унија) ќе вклучува значителни регулаторни промени, што ќе доведе до инвестициски товар за усогласување на претпријатијата со новите стандарди. Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП на  на Република Северна Македонија е развиена за да им помогне на малите и средни претпријатија во приватна сопственост да ги исполнат новите барања на регулативите и да ги разберат барањата за подобрување во областа на заштитата на животната средина, здравјето и безбедноста на работното место и квалитетот и безбедноста на производите.

Новата кредитна линија обезбедена од ЕБОР преку Партнерските банки, заедно со 15% грант и бесплатна техничка помош финансирана од ЕУ, им помага на МПС да ги идентификуваат нивните инвестициски барања за надградба кон усогласување со Приоритетните директивни на ЕУ.  Директивите на ЕУ можат да изгледаат застрашувачки на прв поглед. Често, некое едноставно решение може да ги исполни барањата, но понекогаш е потребен покомплексен приод. Компонентата за техничка помош на Програмата е посебно дизајнирана за решавање на ова. Бесплатното техничко советување, обезбедено од меѓународен тим на експерти, им помага на МСП во  Република Северна Македонија да најдат најдобро решение за исполнување на директивите на ЕУ, да станат конкурентни во нивната трговија со партнери од ЕУ и да ја зголемат својата профитабилност дома преку поквалитетни производи и услуги.

КОИ КРЕДИТИ СЕ ДОСТАПНИ?

Проекти може да се финансираат со еден, или неколку кредити во кумулативна вредност до 1 милион евра за компанија.
За да се направат инвестиците што поедноставни, компаниите треба да следат два различни пристапи:

ПРИЛАГОДЕН ПРИСТАП ЗАСНОВАН НА ПОТРЕБИТЕ НА МСП:

Glühbirne.png

Стандарден пристап

Се користи за проекти каде инвестициите се наменети за стандардна опрема, која не бара комплексни проценки. Стандардна опрема вклучува технологии како котли, компресори, ФВ системи, трактори и многу други. Оваа опрема се проценува и однапред се одобрува за подобност од страна на нашиот меѓународен тим на инженери. Ве молиме за детали проверете го нашиот СЕЛЕКТОР НА ТЕХНОЛОГИЈА.

zahnrad-1.png

Комплексен пристап

Ова е за проекти каде инвестицијата е наменета за стандардна опрема, која не бара комплексна проценка. Стандардна опрема вклучува технологии како котли, компресори, ФВ системи, трактори и многу други. За оваа опрема се врши проценка и претходно одобрување од нашиот меѓународен тим на инженери. Ве молиме проверете го нашиот СЕЛЕКТОР на ТЕХНОЛОГИЈА за детали

ЗОШТО ТРЕБА ДА ЈА ЗЕМЕТЕ ПРЕДВИД ПРОГРАМАТА ЗА ПРОДДРШКА НА КОНКУРЕНТНОСТА НА МСП

КОНТАКТИРАЈТЕ НЀ INFO.MACEDONIA@WEB-SME-CSP.COM

ПРОГРАМАТА ЗА ПОДДРШКА НА
КОНКУРЕНТНОСТА ЗА ВАШАТА
ИНВЕСТИЦИЈА

ГРАНТ – По успешната верификација на вашиот инвестициски проект, се квалификувате за поврат на грант во готови средства до 15% – што претставува добар начин за намалување на трошоците за вашата инвестиција. Готовинската поддршка е финансирана од Европската Унија.

ЕДНОСТАВНИ КРИТЕРИУМИ – Кредитите и грантовите во Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП се подобни за секоја инвестиција која му помага на вашето Друштво да ги пресретне сѐ построгите ЕУ Директиви, на тој начин јакнејќи го вашиот потенцијал на пазарот и вашата профитабилност.

ПРИДОБИВКИ ОД ШИРЕЊЕ НА ИЗВОЗНИОТ БИЗНИС, КАКО И НА ПАЗАРИТЕ ДОМА – Сите подобни инвестиции го унапредуваат квалитетот на производ. Ова ви овозможува да ја зголемите извозната трговија со Европа,  а подобрениот квалитет исто така ќе им биде достапен на вашите клиенти дома, унапредувајќи го вашето конкурентно позиционирање дома И во странство.

ПОВИСОКИ ПРОФИТИ – практично сите подобни инвестиции може да резултираат во намалена потрошувачка на енергија и ресурси. На овој начин се намалуваат вашите трошоци и се зголемува вашата конкурентна предност, како и вашата профитабилност.

ПРИДОБИВКА ВО ЗЕЛЕНАТА ЕКОНОМИЈА – практично сите подобни инвестиции намалуваат загадувачи како што се емисии на стакленички гасови.

БЕСПЛАТНА ЕКСПЕРТСКА ПОДДРШКА – Едноставните процедури во комбинација со бесплатна техничка помош понудена од меѓународен тим од експерти ќе ви помогне на патот до нови пазари.

ПОСЛЕДНИ НОВОСТИ

СТУДИИ НА СЛУЧАЈ

Успешни приказни

Успешните приказни се примери за најдобри практики на компании кои имплементирале проекти во рамки на Програмата. Тие јасно го покажуваат опсегот на можности, како и придобивките кои инвеститорот може да ги очекува.

Cookie Consent with Real Cookie Banner
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.